СВЕТ

Судири на улиците на САД поради смртта на Афроамериканецот чиј врат го притиснал полицаец со колено (ФОТО)

Полицијата во Минеаполис употреби солзавец за време на судирите со неколку стотици граѓани кои протестираа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Тој почина во понеделникот за време на полициско апсење во тој град.

Граѓаните се собраа на улицата каде што почина Флојд.

За време на протестната прошетка до Третата полициска станица, неколкумина ги оштетиле прозорците на таа зграда, цртале графити и оштетиле едно патролно возило – поради што полицијата употребила солзавец за разбивање на демонстрациите.

На собирот на граѓаните му претходеше соопштението дека четворица полицајци вклучени во апсењето на Џорџ Флојд, кој почина во полицискиот притвор, биле отпуштени од работа.

Случајот го привлече вниманието на јавноста, бидејќи очевидците снимија и објавуваа на социјалните мрежи видео од интервенцијата, на кое се гледа како полицаец – белец, како му клече на врат на осомничениот маж – црнец, додека лицето го предупредува дека не може да дише, пренесува „Гласот на Америка“.

Поврзани вести

Кога се добива лажен негативен тест на корона

Stefanija Kuzmanovska

Бројот на мртви само расте: 722 лица починале од коронавирусот, а заболени се скоро 35.000

Александар Петровски

Амбасадор на Малта поднел оставка откако Меркел ја споредил со Хитлер (фото)

Холанѓаните најмногу работат од дома

Европската комисија денеска соопшти дека неприфатливо е насилството како одговор на протестите во Хонг Конг

Влатко Зорба

Италијанците со аплаузи ги пречекаа кубанските доктори (ВИДЕО)