ЕУ СВЕТ

Сведоштво на единствениот кадет што го преживеа падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

Единствениот кадет кој го преживеал падот на украинскиот воен транспортен авион во близина на Харков, Вјачеслав Золочевски (20) опиша што се случува.

„Сè беше како компјутерска игра“, рече тој.

„Не се сеќава на сè. Во еден момент ја изгуби свеста, а потоа кога се врати, излезе од остатоците од авионот и започна да го гасне пламенот на еден од неговите колеги”, изјави шефот на администрацијата во Харков, Алексеј Кучер. Кадетот не скокнал од авионот за да се спаси, како што првично се сметаше.

Преживеаниот кадет беше посетен во болницата и од претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој претходно го посети местото на несреќата.

Воено транспортен авион Ан-26 се урна во петокот вечерта во близина на градот Чугуев во регионот Харков за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: седум члена на екипажот и 20 кадети, на еден кадет не му било дозволено да лета. 26 од нив загинаа.

Двајца питомци успеале да излезат од авионот, но еден од нив подоцна починал во болницата.
Вчера медиумите објавија дека најверојатна причина за падот на авионот е проблем со моторот, а мајката на еден од загинатите пилоти ја потврдила таа теза, изјавувајќи дека нејзиниот син ден пред несреќата и рекол дека авионот не е во добра состојба и дека моторите откажуваат.

Поврзани вести

Фуџифилм со зголемено производство на лекот Авиган кој се користи за третман на Ковид-19

Приштински „Газета експрес“: Доколку не продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, Гренел ќе биде сменет

Израел и Судан ги нормализираа односите

Никола Поповски

Најцрнот ден во Кина од појавата на коронавирусот

Никола Поповски

АСЕАН повика на отворање регионален пазар

Влатко Зорба

Борисов: Бугарската Влада со големо внимание ја следи состојбата во Сирија и ситуацијата со мигрантите