Вести СВЕТ

СЗО: Лоша е идејата сите рестрикции да се укинат истовремено

Претставникот на Светската здравствена организација, Мајк Рајан, денеска изјави дека државите кои планираат да ги прекинат своите мерки за ограничувања и изолација на населението тоа треба да го прават постепено.

Тој препорача тоа да се прави во фази, односно сите рестрикции да не се укинуваат истовремено.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации изјави дека мерките на изолација што се воведени во многу земји опфаќаат затворање на училишта, работни места, социјални собири на јавни места и собирања по паркови.

-Веројатно ќе биде лоша идеја сите рестрикции да се укинат истовремено, рече Рајан

Тој кажа и дека државите не треба да излегуваат од изолација,  а претходно да немаат план како да го задржат ширењето на болеста Ковид-19 на ниво што може да се контролира.

-Изолацијата го намалува ширењето на болеста. Кога изолацијата ќе се укине, морате да имате алтернативни методи за да ја запрете инфекцијата, рече Рајан.

Според него, државите треба да имаат воспоставени системи за детектирање на случаите на зараза, да ги следат контактите, да ставаат во карантин сомнителни случаи и широко да го тестираат населението на оваа болест.

Поврзани вести

Во Сирија убиен лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади

Влатко Зорба

Демонстранти ги нападнаа канцелариите на агенцијата „Синхуа“

Влатко Зорба

По примерот на Исус: бели полицајци ги измија нозете на црни пастори

Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 660,787 жртви на коронавирусот ширум светот

Stefanija Kuzmanovska

Пекинг: САД се најголемиот извор на нестабилност во светот

Влатко Зорба

Тим од звучни имиња ќе го бранат Трамп на судењето за импичментот