СВЕТ

СЗО: Носењето маски за лице може да направи повеќе штета отколку добро

Претставниците на Светската здравствена организација (СЗО) изјавуваат дека секогаш препорачуваат луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заразени со коронавирус или да се грижат за некој кој е болен.

Директорот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан, вели дека носењето маски за лице, доколку се користи неправилно, може да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на новиот вирус.

Рајан повтори дека СЗО верува дека треба да го носат само болни за да не се шири вирусот и здравствените работници на кои им се потребни маски.

„Нема конкретни докази кои сугерираат дека носењето маски е од некаква корист, всушност, има спротивни докази за тоа“, рече Рајан.

„Исто така, постои глобален проблем со недостаток на маски и други медицински материјали. Луѓето кои сеизложени на најголем ризик се здравствени работници. Помислата да нема маски е страшна“, рече тој.

Епидемиологот Марија Ван Керхове исто така рече дека е важно „да се даде предност на употреба на маски од страна на оние на кои им е најпотребно“, што на прво место би биле здравствени работници.

„Ние не препорачуваме да носиме маски во заедницата, освен ако не сте болни како мерка за спречување на ширење на вирусот“, рече таа, додавајќи: „Препорачуваме маски на луѓе кои се болни, како и на оние кои се грижат за болните дома“.

Поврзани вести

Трамп: Имам добар однос со Фаучи, но не секогаш се согласувам со него

Судир на два авиони во Австралија, четири лица загинаа (фото)

Никола Поповски

Помпео со директна закана: САД ќе ги казни државите во кои Американците умираат од коронавирус

Никола Поповски

Мицотакис-Вучиќ: Се согласивме за потребата да се задржи отворен европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Повеќе од 3.000 здравствени работници во Кина се заразени со коронавирусот

Баба од Белград на оригинален начин го прошета кучето за време на забраната за излегување (ВИДЕО)