Вести СВЕТ

СЗО објаснува кога и како треба да се користат заштитните маски

Многу луѓе ширум Азија носат маски за лице во обидот да се заштитат од „Ковид-19“. Во Европа и САД, тие се носат поретко, но многумина се прашуваат: Дали навистина треба да се носат за време на пандемијата?

Ројтерс известува дека советот на Светската здравствена организација е дека ако сте здрави, треба да носите маска само доколку:

-се грижите за некој за кој постои сомнение или потврдено е дека е заразен со Ковид-19, 

-ако кашлате или кивнете и се сомневате дека имате Ковид-19.

Маските функционираат со фаќање капки кои се наоѓаат во воздухот при кашлање, кивање и дишење, што значи ова се главните патеки за пренесување на новиот коронавирус.

Постојат два главни типови на маски: хируршки маски од ткаенина, кои се носат преку носот и устата, и оние што се прилагодуваат подобро на лицето, понекогаш наречени респиратори.

Подобрите прилагодени маски – како што е N95 – можат да понудат добра, но не и целосна заштита од заразни капки, додека напредниот модел – маските N99 – можат да обезбедат подобра заштита, иако поединци се пожалиле дека имаат потешкотии при дишењето. Оценката „N“ се однесува на процентот од честички од најмалку 0,3 микрони што маската е наменета да ги блокира: маските N95 спречуваат 95 проценти и N99 маските 99 проценти.

Маските се ефикасни само ако ги комбинирате со често миење на рацете и без допирање на лицето.

Секој што ја користи маската мора да биде сигурен дека темелно ги измиле рацете со сапун и вода или средство за чистење на рацете со алкохол.

Маската треба да ги покрие устата и носот и не треба да има празнина помеѓу лицето и маската.

Колку што е можно, избегнувајте допирање на маската.

Кога маската станува влажна, заменете ја со нова. Не употребувајте ја повторно истата маска. Таа е само за еднократна употреба.

„Носењето маска исто така може да ја намали тенденцијата на луѓето да го допрат лицето, што се случува многу пати во денот отколку што сфаќаме и е главен извор на инфекција без соодветната хигиена на рацете“, изјави Стивен Грифин, вонреден професор на Институтот за медицински истражувања на Универзитетот во Лидс.

Поврзани вести

ЕУ почна да работи на создавање режим сличен на „Закон Магнитски“

Maja_Serafimova

Демократски конгресмен преминува во Републиканската партија, се противи на импичментот на Трамп

Претседателката на Европската комисија: Го потценивме коронавирусот

Никола Поповски

Состојба со КОВИД-19 во светот до 10 часот

Влатко Зорба

Во Хирошима ќе бидат урнати зградите кои ја издржаа атомската бомба

Влатко Зорба

Италијанка починала во Австрија, докторите се сомневаат дека се работи за коронавирус