Вести СВЕТ

СЗО работи на насоки за употреба на лекот ремдесивир

Светската здравствена организација соопшти дека работи на изработка на упатства за употреба на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со Ковид-19, кои треба да бидат објавени за три до четири недели.

Комисијата на СЗО ќе се состане следната недела за да ги разгледа записите за ефикасност на лекот произведен од компанијата „Гилид сајенсиз“.

Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан рече дека се надева дека пратениците и телата што работат на изработка на упатства за лекување на Ковид-19 во земјите низ целиот свет, меѓу другото, ќе ги земат предвид резултатите од истражувањето.

Соединетите Американски Држави издадоа целосно одобрување за употреба на „ремдесивир“ за третман на пациенти со Ковид-19.

Сепак, обемна студија спроведена од СЗО на почетокот на оваа година покажа дека лекот најверојатно немал ефект врз стапката на преживување на хоспитализираните пациенти вклучени во истражувањето. 

Поврзани вести

Почина јапонскиот педијатар Кавасаки, кој откри ретка детска болест

Молотови коктели, искршени полициски автомобили: Луѓето се креваат против новиот „локдаун“ (видео)

Никола Поповски

Руски региони ја примиле првата група на вакцини против коронавирус

Влатко Зорба

Може ли Трамп да одбие да го признае поразот и кој ќе го отстрани од Белата куќа ако не го стори тоа самиот?

Stefanija Kuzmanovska

Ескалираа протестите во Италија заради воведените мерки (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Како е да се биде дел од клиничко испитување на вакцина?

Влатко Зорба