СВЕТ

СЗО: Рекордните нивоа на новозаразени се последица од разгорување на епидемијата во големите земји

Светската здравствена организација (СЗО) вечерва објави дека рекордните нивоа на новозаразени со коронавирус во еден ден се последица на истовременото разгорување на епидемијата во повеќе големи земји, пренесе „Данас“.

СЗО наведе дека тоа ја одразува промената во глобалната активност на новиот коронавирус.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајкл Рајан рече дека „бројките се зголемуваат затоа што епидемијата се развива во неколку густо населени земји во исто време“.

Некои земји, како Индија и САД, зголемувањето на бројот на новозаразени го припишуваа на зголемено тестирање, но Рајан го отфрли тоа објаснување.

„Не веруваме дека оваа појава е поврзана со тестирањето“, рече Рајан.

Тој додаде дека голем број на земји забележале зголемување на бројот на пациенти хоспитализирани и починати, и дека тоа не може да се објасни со зголемено тестирањето.

Рајан исто така рече дека епидемијата „дефинитивно се забрзува“ во голем број земји, вклучувајќи ги САД и државите во Јужна Азија, Блискиот исток и Африка.

Поврзани вести

Тихановскаја повикува на воведување санкции

Stefanija Kuzmanovska

Брегзит: Лондон потрошил 5 милијарди евра за напуштање на ЕУ

Хилари Клинтон не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД

Параноја на Вашингтон: Москва ги отфрла обвинувањата за повторно мешање на Русија во претседателската кампања на САД

Никола Поповски

Уредникот на редакцијата на „Спутник“ на турски јазик пуштен е на слобода

Александар Петровски

Фаучи рече дека нема причина да го напушти тимот

Stefanija Kuzmanovska