СВЕТ

СЗО: Шест начини на кои можете да се заразите со корона

Познато е дека коронавирусот се шири претежно преку капки, во директен контакт со заразено лице. Меѓутоа, Светската здравствена организација (СЗО) остава отворени и други начини на пренесување, кои сè уште се истражуваат.

Оттаму потсетуваат дека овој вирус може да се пренесе не само од оние со симптоми, туку и од асимптоматски случаи, кои можеби и не знаат ни дека се заразени.

Личен контакт – пренесување преку капки

Од самиот почеток, јасно е дека најчестиот начин за пренесување на вирусот е преку капки – кога сте во непосредна близина на заразено лице кое кашла, кива или зборува гласно. Ако капките кои притоа ги испушта ви стигнат до очите, носот или устата, големи се шансите да се заразите. Затоа маската и физичката оддалеченост се наметнуваат како основни мерки за заштита.

Пренесување преку воздухот

Научниците ширум светот долго време предупредуваат дека вирусот може да се шири и преку воздухот, односно аеросоли кои исто така се испуштаат со кашлање и говор и кои остануваат да лебдат во воздухот подолго од големите капки, особено во затворените, загушливи простории. СЗО конечно ја призна грешката, но исто така побара и дополнителни докази.

Контаминирани површини

Капките исфрлени од заразените можат да контаминираат разни површини и предмети, на кои вирусот преживува од неколку часа до неколку дена, во зависност од температурата, влажноста и видот на површината. Затоа се инсистира на редовно и правилно миење на рацете од самиот почеток, иако овој метод на пренесување не е целосно докажан.

Фекалии

РНК на коронавирус била пронајдена и во урината и во фекалиите кај некои пациенти. Сепак, ниту едно истражување не покажало дека некој се заразил на овој начин. Некои студии објавија дека вирусот е пронајден и во крвната плазма и во серумот.

Од мајка на дете

Светските медиуми пишуваат дека во Франција е потврден првиот случај на пренесување на коронавирус од мајка на дете во стомакот. Исто така, направено е истражување за пренесување на коронавирус преку доење, но, иако РНК на вирусот е пронајдена во некои од примероците на мајчиното млеко, тој не е одржлив.

Од животни на луѓе

Доказите собрани досега покажуваат дека настанокот на овој вирус е поврзан со бета-коронавируси кои ги имаат лилјаците. Сепак, сè уште не е потврдено дали животни како кучињата и мачките можат да го пренесат на луѓето. Можноста за пренесување од луѓе на други цицачи во моментов се истражува.

Поврзани вести

Рускиот министер за здравство открива колку лекот против маларија е ефикасен за заразените од коронавирус (видео)

Рама: Денот на знамето на Албанија осамна во темнината што привремено ја покри земјата

Ди Мајо: Италија ги чека туристите од 3 јуни

Трамп со предупредување: На САД ќе им се случи економска катастрофа, доколку победат демократите

Никола Поповски

Научниците веруваат дека во крвта на овие животни е клучот за лекот против коронавирус

Во Италија продолжува да опаѓа бројот на новозаразени и смртни случаи