СВЕТ

СЗО СИГУРНА ВО РУСКАТА ВАКЦИНА: Третата фаза на тестирање на „Спутник 5“ ќе биде успешна

Шефот на Европското регионално биро на Светската здравствена организација, Ханс Клуге, им се заблагодари на волонтерите кои учествуваа во тестирањето на руската вакцина против Ковид-19 „Спутник 5“ и изрази уверување дека третата фаза на тестирање ќе биде позитивна, пренесе „Новости.рс“.

„Русија ја започна третата фаза на тестирање на оваа вакцина, кога безбедноста и ефективноста на вакцината се тестира на многу голема група луѓе. Би сакал да им се заблагодарам на сите волонтери кои учествуваат во тестирањето на оваа вакцина во третата фаза“, рече Клуге пред новинарите на крајот од состанокот со раководството на Службата за фотосанитарниот надзор „ Роспотребнадзор“.

Тој додаде дека постои договор меѓу СЗО и Министерството за здравство на Русија, според кој организацијата внимателно ќе ги проучува истражувањата на третата фаза, кога тие ќе бидат добиени.

„Меѓутоа, јас сум апсолутно сигурен дека овие резултати ќе бидат позитивни, бидејќи соработувам со Русија многу години и знам дека Русија има многу богата историја во изработка на вакцини, нивно производство и имунизација“, заклучи Клуге.

Поврзани вести

Холандија стави вето на помошта за обнова: Дали на повидок е нов „Брегзит-синдром“ во ЕУ?

Грција ќе ги обесштети хотелите што се користат за изолација на луѓето кои страдаат од Ковид-19

Путин: Русија со заем од 1,5 милијарди долари ќе ѝ помогне на Белорусија

Никола Поповски

Гутиереш со апел: Да се избегне војна во Персискиот залив

Никола Поповски

Франција повторно во Регионалниот совет за соработка за активна поддршка на Западен Балкан

Борис Џонсон тврди дека нема докази за мешањето на Русија во британските избори