Вести СВЕТ

СЗО: Сите мора да имаат еднаков пристап до вакцината за КОВИД-19

Светската здравствена организација почна глобална иницијатива за забрзан развој и рамномерна дистрибуција на вакцини, дијагностика и третман против Ковид-19.

Иницијативата под име (АКТ) Aкcелератор e покрената со цел на меѓународно ниво да се забрзаат и координираат процедурите за развој и тестирање на вакцини и лекови против новиот коронавирус.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека подеднакво важно е средствата за борба против Ковид-19 , еднаш кога ќе бидат достапни, рамномерно да се распределат на сите во светот.

– Нашата заедничка обврска е да обезбедиме на сите луѓе да им бидат достапни сите средства во борбата против Ковид-19, истакна Гебрејесус.

На иницијативата и се приклучија многу организации, фондации и земји низ светот.

Поврзани вести

За првпат по катастрофата, накитена елка во Чернобил

Никола Поповски

Соборен руски воен хеликоптер во Ерменија, загинаа двајца војници (ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska

Лекарите дадоа зелено светло за Навални да биде пренесен во странство

Влатко Зорба

Експерт на СЗО: Коронавирусот нема да исчезне, ќе мора да се заштитиме

Влатко Зорба

Апокалипса на југот на Грција: Улици покриени со мраз, мртви птици и оштетени овоштарници (фото)

Никола Поповски

Може ли Трамп да одбие да го признае поразот и кој ќе го отстрани од Белата куќа ако не го стори тоа самиот?

Stefanija Kuzmanovska