Вести СВЕТ

СЗО соопшти дека во последните 24 часа во светот се регистрирани рекордни 212.326 случаи на коронавирус

Светската здравствена организација соопшти дека во последните 24 часа во светот се регистрирани нови 212.326 случаи на коронавирус, што е рекордно дневно зголемување на бројот на нови случаи.

Најголем дневен скок, според бројот на заразени лица, имаат САД, Бразил и Индија, пренесуваат британските медиуми.

Претходниот рекорд, според бројот на инфицирани на дневна основа – 189.077, беше регистриран на 28 јуни.

Секој ден од Ковид-19 во светот умираат околу 5.000 лица.

Повеќе од 11 милиони лица ширум светот се заразени од вирусот од почетокот на епидемијата, а повеќе од половина милион веќе умреа.

Поврзани вести

Ердоган: Ние му објавивме на целиот свет дека нема да го оставиме Ридот на храмовите на израелските окупатори

Никола Поповски

Словенците ја запалија Меланија на Денот на независноста: Познатата статуа на првата дама на САД запалена во нејзиното родно место (ВИДЕО)

Александар Петровски

Каракачанов: Бугарската погранична полиција реагираше и спречи околу 60 мигранти да ја преминат турската граница

Меркел во посета на Турција

Никола Поповски

Наследникот на Корбин ќе биде објавен на 4 април

Влатко Зорба

Гренел ја обвинува Германија за поткопување на солидарноста на НАТО

Stefanija Kuzmanovska