СВЕТ

СЗО: Светот е во нова и опасна фаза на пандемијата

Пандемијата на коронавирус се забрзува, при што во четвртокот се пријавени 150.000 нови случаи, најголем број за еден ден досега, а скоро половина од овие случаи се од Северна и Јужна Америка, предупредува Светската здравствена организација (СЗО), пренесе „Вијести“.

„Светот е во нова, опасна фаза“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, на виртуелниот брифинг од седиштето на СЗО во Женева. „Вирусот сè уште се шири брзо, сè уште е смртоносен и повеќето луѓе сè уште не се имуни“.

Повеќе од 8,53 милиони луѓе на глобално ниво биле заразени со коронавирус, од кои 453.834 починале, според податоците објавени од „Ројтерс“ денеска.

Тедрос, чие раководство на СЗО беше остро критикувано од американскиот претседател Доналд Трамп, апелираше до луѓето да ги задржат социјалните растојанија и да бидат „исклучително будни“.

Исто како и во Јужна и Северна Америка, голем број нови случаи доаѓаат од Јужна Азија и Блискиот исток, додаде Тедрос.

Поврзани вести

Во Херцег Нови е убиен уште еден припадник на кавачкиот клан

Никола Поповски

Помпео: Ние сакаме да работиме со Русите и да дојдеме на преговарачка маса

Maja_Serafimova

Потврдено: Ова е вистинскиот извор на зараза на коронавирусот (ВИДЕО)

Терористот од Крајстчрч се соочува со казна што никогаш не била изречена во Нов Зеланд

Никола Поповски

Водачите на исламскиот екстремист Хамас подготвени за избори

user4

Српски епидемиолог: Вирусот буквално дивее, се плашам дека може да биде уште полошо

Александар Петровски