Регион СВЕТ

Тачи: Итно да се укинат таксите кон Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека „тврдоглавоста и недостатокот од неопходни одлуки“ ја продлабочила изолацијата на Косово и значително ги оштетила специјалните односи на Косово со САД.

Тачи го поддржа американското барање за итно прекинување на таксите на производи увезени од Србија и Босна и Херцеговина.

„Останувањето на таксите е сериозна пречка и ја попречува стратешката соработка и новите силни американски инвестиции во Косово. Затоа, неопходните одлуки треба да се носат итно и тоа беше главната порака и барање на состанокот со (американскиот државен секретар) Помпео и советникот за национална безбедност О’Брајан “, напиша Тачи на Фејсбук.

Тачи истакна дека негово барање како претседател на Косово за косовските политичари и граѓани е дека без губење на време треба да се донесат неопходните стратешки решенија со кои ќе се стави крај на изолацијата и ќе се отвори можноста за дијалог и постигнување конечен договор и зацврстување на трајното пријателство и стратешка соработка со САД.

Поврзани вести

Столтенберг ги отфрли француските критики: НАТО е агилно, НАТО е активно, НАТО се прилагодува

Maja_Serafimova

Поради бурата Денис издадени повеќе од 300 предупредувања од евентуални поплави ширум Велика Британија

Stefanija Kuzmanovska

Курти: Подготвен сум да ги слушнам барањата на Србите, но не и апетитот на Белград за територии

Влатко Зорба

Поплавени ресторани, кафулиња и продавници во Венеција (ВИДЕО)

АСЕАН повика на отворање регионален пазар

Влатко Зорба

Во карантин поради новиот коронавирус се околу 300 здравствени работници во Грција, а заразени се 48