Вести Регион СВЕТ

Тачи за авиолинијата Белград-Приштина: Ти благодарам Трамп за твоето лидерство и улога

Косовскиот претседател Хашим Тачи му се заблагодари на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за неговото лидерство и улогата во потпишувањето на писмото за намери за отворање на авиолинија меѓу Приштина и Белград, јавуваат од Приштина.

Пренесувајќи ја објавата на Трамп за значењето на вчерашната спогодба за отворање авиолинија меѓу главните градови на Косово и Србија, Тачи на својата страница на Твитер ја оцени улогата на Трамп во обезбедувањето на мир и стабилност како „незаменлива“.

Американскиот претседател на својот Твитер вчерашниот договор, кој беше потпишан во Амбасадата на САД во Берлин, го оцени како историски и како уште една дипломатска победа, во време кога „сите велеа дека не може да се постигне“. 

Поврзани вести

„Сé работи како часовник“: Путин во московската болница во која се лекуваат заболените од коронавирус (видео)

Трамп: Жалам за некои твитови што ги објавувам

Сопругата на Бајден отворено за нивната врска: „Ме запроси 5 пати пред да прифатам“

Влатко Зорба

Во Калифорнија пожарот се шири, исклучена струја во милион домови

Maja_Serafimova

Борисов осомничен за наводно перење пари во Каталонија: Немам ништо со тоа, последен пат бев таму како градоначалник пред 15 години

Никола Поповски

Повеќе од 150.000 заразени од коронавирус во Турција