Вести СВЕТ

Терористичка група Ал-Шабаб нападна воена база во Сомалија, шест загинати

Шест лица се убиени кога тешко вооружени борци на исламистичката терористичка група Ал-Шабаб нападнаа воена база во Сомалија, изјавија синоќа владини извори, јавува ДПА.

Двајца војници и четворица цивили, од кои две жени, се меѓу загинатите откако милитантите доцна синоќа ја напднале воената база Хилвејн, на 25 километри северно од главниот град Могадишу, изјави за ДПА владиниот портпарол Исмаил Мукхтар Омар.

-Нашите сили жестоко им возвратија на терористите и убија неколку бунтовнички борци, изјави Омар.

Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот на пробунтовничкото радио Андалус.

Групата Ал-Шабаб има тесни врски со интернационалната терористичка мрежа Ал Каеда и често пати изведува напади  во земјите од истична Африка, пренесува ДПА.

Поврзани вести

Нов силен земјотрес на Филипините

Maja_Serafimova

Дефинитивно коронавирусот на човекот е пренесен од лилјаците: Откриен уште еден вид на зараза кај нив

Турција почна да ги лекува заболените од коронавирус со крвна плазма

Универзитетот во Сингапур предвидува крај на пандемијата  на коронавирусот на почетокот на декември

Дозвола од СТО за американски царини против ЕУ, Брисел повикува на компромис

user4

Нереди и во Париз после смртта на Флојд: Полицијата морала да употребува солзавец (видео)