Вести СВЕТ

Торнадо го погоди Нешвил, најмалку 22 жртви (видео)

Најмалку 22 лица загинаа во торнадо што го зафати градот Нешвил и државата Тенеси во САД, оставајќи без струја 50.000 домаќинства и компании.

Повеќе лица се повредени, а оштетени се многу домови, пренесува Ројтерс.

И аеродромот лоциран недалеку од Нешвил претрпе значителна штета како резултат на временските услови, каде што беа оштетени неколку хангари.

Најмалку два станбени блокови останаа без прозорци, а парчиња метал и дрво беа расфрлани низ улиците.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се „моли за сите погодени од разорните торнада“ и најави дека ќе го посети Тенеси во петок, пренесува Хина.

Службите за помош и натаму бараат потрага по преживеани и исчезнати лица, изјави еден официјален претставник на Агенцијата за управување со вонредни состојби во Тенеси (ТЕMA).

Националната служба за метеорологија соопшти дека осум торнада го зафатиле Мисури, Тенеси и Кентаки.

Поврзани вести

Мејер: Вашингтон се враќа на Балканот, а тоа воопшто не е добро

Никола Поповски

Четири жртви во нападот врз полициска станица во Париз

Влатко Зорба

Брнабиќ: Србија има најниска стапка на смртност во овој дел на Европа

Усвоени се неколку модели: Како ќе се организира наставниот процес во соседството и низ целиот свет?

Никола Поповски

Ким им ги одзема кучињата на луѓето и ги продава на ресторани

Влатко Зорба

Ирански брод уништен во „пријателски оган“: 19 морнари починале