Вести СВЕТ

Трагедија во Кина: 29 починати при уривање на ресторан

Кинеските власти потврдиле дека завршила операцијата за спасување на жртвите од несреќата што се случи вчера во Кина, кога се урна двокатен ресторан за време на прославата на роденден.

Во несреќата загинале 29 лица, а повредени се 28, меѓу кои и седум во критична состојба.

Несреќата се случила вчераутро, кога двоспратен ресторан во село на северот на Кина се срушил за време на прославата на 80-от роденден на еден од неговите жители.

Селото каде се случила несреќата се наоѓа во округот Чангфен во провинцијата Шанки, околу 630 километри југозападно од Пекинг.

Официјалните лица не соопштиле која е причината за несреќата, пишува Асошиејтед Прес.

Поврзани вести

Макрон првпат носеше маска на јавен настан

Александар Петровски

Граѓаните на Пекинг не смеат да ги напуштаат домовите: Нови рестрикции поради пазарот Синфади

Втор волонтер со несакани ефекти од Оксфордската вакцина

Александар Петровски

ЦИА: Садам Хусеин добивал помош од САД додека го напаѓал Иран со боен отров

Никола Поповски

Професор и автор на книга за организиран криминал во САД обвинет за перење пари

Влатко Зорба

Без инциденти помина протестот во Тирана организиран од Мета