Вести СВЕТ

Трамп исвиркан при оддавањето почит на починатата судијка (видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп бил исвиркан денес, додека заедно со неговата сопруга Меланија ѝ оддадале почит на неодамна починатата судијка на Врховниот суд, Рут Бадер Гинзбург.

Имено, Трамп и неговата сопруга стоеле сандакот покриен со американското знаме, на горниот дел од скалите пред зградата на Врховниот суд во Вашингтон, која се наоѓа во близина на Капитол.

На почетокот на скалите на зградата на судот, насобраните почнале да свиркаат и да викаат: „Сменете го на изборите“, објавил „Гардијан“.

Во оваа пригода, Трамп носела црна заштитна маска, што, како што забележа Си-Ен-Ен, е реткост за американскиот претседател, кој обично не носи маска на јавно место.

Да потсетиме, Рут Бадер Гинзбург почина минатата недела по тешко боледување, што го отвори теренот за уште еден конфликт меѓу републиканците и демократите, овој пат околу изборот на нејзиниот наследник.

Гинзбург беше втората жена избрана да служи во Врховниот суд во историјата на САД и една од клучните фигури во борбата за правата на жените.

Таа починала во својот дом во Вашингтон на 87-годишна возраст од рак на панкреасот.

Поврзани вести

Протест во Лондон против новите епидемиолошки мерки

Влатко Зорба

Со воведувањето ограничувања за движење, загаденоста на воздухот е намалена во Европа

Коронавирус: САД надминаа 30.000 смртни случаи, над 90.000 починаа во Европа

Stefanija Kuzmanovska

Додик: Српскиот народ ќе се обедини во овој век, без разлика дали ќе бидам жив или не

Никола Поповски

Лажен Хитлер го години ги мамел Американците: Му плаќале за да ја преземе власта во САД и да го освои светот и универзумот

Трамп: Обама беше многу неспособен

Stefanija Kuzmanovska