Вести СВЕТ

Трамп ја разгледува можноста за исплата на 1.000 долари за секој Американец за да се стимулира економијата

Администрацијата на Доналд Трамп ја разгледува можноста за исплата на илјада американски долари за секој Американец за да се стимулира економијата поради замрениот бизнис после ширењето на коронавирусот во земјата.

-На Американците им треба готовина, и претседателот сака да ја добие веднаш. Гледаме тоа да се случи во наредите две недели, изјави денеска министерот за финансии Стивен Мнучин на брифинг во Белата куќа.

Се уште се работи на формулата кој треба да прими едонкратна исплата од илјада долари. Се планира да бидат опфатени мнозинство Американци, освен оние кои заработуваат милиони долари годишно.

-Сакаме да бидеме сигурни дека Американците ќе ги добијат парите брзо. Се надеваме дека чековите ќе почнеме да ги праќаме веднаш, но не мислиме да праќаме чекови на оние кои заработуваат милион годишно, изјави Мнучин.

Идејата Американците да добијат по илјади долари секој вчера прв ја изнесе сенаторот републиканец Мит Ромни, кој изјави дека тоа „ќе помогне на семејствата и работниците да ги покријат краткорочните потреби и да ја зголемат потрошувачката во економијата“.

Поврзани вести

Џонсон останува на интензивна

Stefanija Kuzmanovska

Четворица пациенти излекувани од коронавирусот во Москва

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

На светот му се заканува библиски глад поради пандемијата, велат од ОН

Влатко Зорба

Двајцата членови на терористичко–анархистичката „Револуционерна самоодбрана“ добија притвор

Папата: Политичарите кои шират омраза кон хомосексуалците, Евреите и Ромите, ме потсетуваат на Хитлер

Влатко Зорба