Вести СВЕТ

Трамп ја забранува имиграцијата на оние што бараат „зелена карта“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна наредба за „привремено запирање на имиграции во САД“ заради коронавирусот.

„При нападот на невидливиот непријател, како и потребите да се заштитат работните места на нашите американски граѓани, ќе потпишам извршна наредба за привремено запирање на имиграции во САД“, наведе Трамп на Твитер.

Тој, меѓутоа, не образложи како тоа ќе влијае на програмите на имиграција, а Белата куќа се уште не објави никакви детали. Од друга страна, неименуван функционер, за кој АП вели дека е запознаен со плановите, рекол дека наредбата ќе биде насочена кон спречување на добивање на дозвола за живеење и работа во САД.

Тоа ги вклучува лицата кои бараат работа во САД на основа на зелена карта и роднини на сопственици на зелена карта, кои не се државјани на САД.

Околу милион луѓе добиле зелена карта минатата година.

Поврзани вести

Дали е можно да се носат маски на високи температури: Јапонците го пронајдоа решението

На овој човек короната не му може ништо, се наоѓа надвор од опсегот на вирусот (ВИДЕО)

Босанскиот премиер за аферата „Респиратори“: Ако докажат дека сум виновен, сам ќе си пресудам

Бројката починати од коронавирусот достигна 3.000

Ердоган најави дека Турција ќе изгради 500 станови за жителите во Албанија кои останаа без покрив над главата

Стравот од коронавирусот предизвикува расизам и ксенофобија на Запад

Никола Поповски