Вести СВЕТ

Трамп: Ќе ја означиме АНТИФА за терористичка организација (фото)

САД ќе ја прогласат АНТИФА за терористичка организација, напишал Доналд Трамп на својот профил на Твитер.

Твитот на американскиот претседател предизвикал бројни осуди, а еден од корисниците на оваа социјална мрежа напиша „Трамп и неговата организација треба да бидат обележани како домашна терористичка организација“.

Еден од коментарите гласи дека „ако сте анти -антифаиста, тогаш си фашист“.

Сепак, има такви и кои ја поздравуваат оваа одлука.

„Конечно“, вели еден од корисниците.

Соопштението на Трамп на Твитер се случи откако претседателот и јавниот правобранител Вилијам Бар ги обвини антифашистите и анархистите за уличните немири по смртта на Џорџ Флојд, кој почина во Минеаполис, откако полициски службеник го притискал со коленото на вратот за време на апсењето.

Други тврдат дека десничарските екстремисти, како што се поддржувачите на движењето „Бугалу“, кои се надеваат дека ќе предизвикаат втора граѓанска војна во САД, се одговорни за немирите за време на протестот, пренесува „NBC News“.

Поврзани вести

Во Србија вкупно 72 случаи на заразени со коронавирус

Три лица исчезнале при судир на танкер и рибарски чамец во Турција

Кина ги регистира и асимптоматските случаи на Ковид-19

Во Австрија повеќе излекувани отколку новозаразени лица со Ковид-19

Терористички напад во Франција: Полицијата застрела напаѓач, кој со нож бодел минувачи! (ВИДЕО)

Јужнокорејската разузнавачка агенција тврди дека Ким Џонг Ун немал операција на срце