Регион СВЕТ

Трамп: Ќе се квалификувам за Нобеловата награда за мир затоа што ги запрев масовните убиства меѓу Косово и Србија

На предизборната кампања во Северна Каролина, американскиот претседател Доналд Трамп, меѓу другото, рече дека може да биде избран за Нобеловата награда за мир, а во тој контекст го спомена неодамна потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.

Трамп изјавил дека успеал да ги запре масовните убиства што се случуваат меѓу Србија и Косово веќе неколку децении.

„Сигурен сум дека ќе се квалификувам за Нобелова награда за мир. Ние ги запревме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие меѓусебно се убиваат многу години и сега ќе престанат. Јас реков: „Момци, ајде да се собереме“. Знаете, тие го правеа тоа стотици години, под различни имиња“, рекол Трамп.

Претседателот на САД билноминиран за Нобеловата награда за мир овој месец откако успеа да потпише договор за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

Поврзани вести

Најмалку тројца убиени во вооружен напад во САД

Деактивирано видео на профилот на Трамп на барање на групата Линкин Парк

Stefanija Kuzmanovska

Калифорнија: Луѓето во рестораните да носат маска дури и за време на оброците, меѓу секој залак

Stefanija Kuzmanovska

Тинејџер уапсен за хакерски напад на Твитер

Србија: Македонски државјани уапсени поради кршење на вонредните мерки

Германија: Протест против вакцините и мерките за заштита

Stefanija Kuzmanovska