Вести СВЕТ

Трамп: Ниту еден Американец не е повреден во иранските напади врз бази во Ирак, американските сили се подготвени за се

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното свое обраќање изјави дека САД веднаш ќе воведат нови санкции против Иран, и тие ќе траат се додека таа држава „не го смени своето однесување“.

Трамп нагласи денеска дека нацијата треба да биде „благодарна“ што ниту еден Американец не бил повреден во иранските ракетни напади врз две воени бази во Ирак.

Според него, американските сили се подготвени за се, но засега се чини дека Иран се повлекува.

– Изгледа дека Иран се повлекува, што е добро за сите страни и многу добра работа за светот, нагласи Трамп.

Според него, додека е претседател, на Иран никогаш нема да му биде дозволено да поседува нуклеарно оружје. Тој ги повика Велика Британија, Кина, Германија, Франција и Русија да работат на нов договор со Иран. Исто така тој најави дека од НАТО ќе побара поактивно учество во актуелните процеси на Бликсиот исток.

Тој рече дека откако го презеде функцијата претседател, САД станале енергетски независни.

– Ние сме првиот производител на нафта и природен гас во светот. Ние сме независни и немаме потреба од нафта од Блискиот исток, наведе Трамп.

 

Поврзани вести

Од денеска во Грција се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти

Иран распиша потерница по Доналд Трамп

Пикантерии од книгата на Болтон: Трамп не бил сигурен дали Финска е дел од Русија и дали Велика Британија има нуклеарно оружје

Грета Тунберг се враќа на училиште после едногодишна пауза

Никола Поповски

Велика Британија: Бројот на злосторства од омраза против Кинезите зголемен за три пати

Stefanija Kuzmanovska

Столтенберг подготвен да се сретне со Путин

Влатко Зорба