СВЕТ

Трамп: Полицијата убива „повеќе белци“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера го минимизира  обемот на полициско насилство врз Афроамериканците, изјавувајќи дека полицајците убиваат „повеќе белци“, пренесоа светските агенции.

Во интервју за Си-Би-Ес њуз Трамп беше запрашан зошто Афроамериканците продолжуваат да умираат во рацете на полицијата.

-И белците, исто така, и белците, исто така. Какво ужасно прашање. И белците. Повеќе белци. Повеќе белци“, одговори тој.

Полициското насилство врз Афроамериканците е во центарот на вниманието во САД откако на 25 мај почина Џорџ Флојд за време на апсењето во Минеаполис, откако полицаец му клекна со коленоот на вратот.

Смртта на Флојд доведе до протести низ САД и низ светот.

Според анализата на „Вашингтон пост“, половината од лицата кои се убиени од полициските сили навистина се белци, но смртта на Афроамериканците е непропорционална затоа што тие се помалку од 13 проценти во вкупното американското население.

Поврзани вести

Федерален судија блокираше 3,6 милијарди долари планирани за воени расходи, што Трамп ги побара за изградба на ѕид кон Мексико

Пелоси за импичментот: Претседателот Трамп го погази Уставот и со тоа не ни остави друг избор

Харадинај порача што поскоро да се формира влада

Шведска: Ја обезглавил својата поранешна девојка затоа што мислел дека е Сатана која работи против Трамп

Русија и Турција се согласија за вториот пакет С-400

Stefanija Kuzmanovska

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Ако најдеме луѓе без маски, ќе ги затвориме баровите и продавниците

Stefanija Kuzmanovska