Вести СВЕТ

Трамп: Повеќе од една седмица земам хидроксихлорокин, како превентива од коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека повеќе од една седмица зема хидроксихлорокин, лек за маларија, како превентива од новиот коронавирус.

– Го употребувам последната недела. Една таблета секој ден, изјави Трамп.

Тој и претходно ја промовираше употребата на хидроксихлорикинот како евентуален лек за Ковид-19 и покрај предупредувањата на лекарите.

Ниту едно истражување досега не покажа дека хидроксихлорикинот има позитивен ефект на заразените пациенти, додека американската Агенција за храна и лекови предупреди да не им се дава медикаментот на заразените со новиот коронавирус надвор од болниците и клиничките истражувања.

Поврзани вести

Медиуми: Велика Британија се заканува со последици доколку нема компромис

user4

Убиена новинарка во Мексико, додека влегувала во својот автомобил

Истражувачкиот новинар Стеван Дојчиновиќ со забрана за влез и депортација од ОАЕ

Никола Поповски

32 лица настрадаа во автобуска несреќа во Германија

Влатко Зорба

Тројца војници загинаа во експлозија во Пакистан

Гутереш: Следните 12 месеци ќе бидат клучни во битката за климата