Вести СВЕТ

Трамп: Тедрос ја политизира кризата со пандемијата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот повторно го критикуваше директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреjeсус, велејќи дека токму тој ја политизира кризата околу пандемијата со коронавирус.

Трамп претходно го критикуваше Тедрос, изјавувајќи дека СЗО е премногу „ориентирана кон Кина“ и дека затоа ќе ги блокира финансиските средства на Вашингтон за СЗО, пренесува Гласот на Америка (ВОА)

Одговарајќи на Трамп, Тедрос повика на единство и предупреди дека кризата не треба да се политизира, пренесува Танјуг.

„Нема потреба да се користи Ковид-19 за политички удари. Нема потреба. Постојат многу други начини да се докажете”, рече Тедрос како одговор на обвинувањата на Трамп.

Како што додава ВОА, Трамп одговорил велејќи дека Тедрос е „тој што политизира“.

„Поминавме стотици милијарди“

„Кога тој вели политизација, тогаш тој политизира. Тоа не би требало да го правите … Гледате, потрошивме 450 милијарди долари, 452 милијарди долари, скоро 500 милијарди американски долари [минатата година]. Стотици милијарди во последните неколку години. И тие [СЗО ] тие треба да направат многу подобра работа“, рече американскиот претседател.

Трамп го обвини СЗО дека полека реагира на пандемијата, иако го прогласи „Ковид-19“ за итен проблем во јавното здравство на меѓународно ниво, неколку недели пред САД да прогласат вонредна состојба.

Трамп претходно ја поздрави глобалната улога на Кина во пандемијата, истакнувајќи дека Пекинг им помагал на другите земји.

Поврзани вести

Трамп го најави своето учество во предизборната телевизиска дебата следната недела

Влатко Зорба

Уште еднo писмo-бомба во Холандија, но полицијата беше побрза

Никола Поповски

Прва жртва од протестите во Висконсин: Не е познато кој кон кого пукал (ВИДЕО)

Никола Поповски

Најмалку четири загинати во пожар во здравствена установа во Полска

Меркел предупредува: Тенка е линијата меѓу војната и мирот

Stefanija Kuzmanovska

Излезна анкета: Дуда реизбран за претседател на Полска

Влатко Зорба