Вести СВЕТ

Три лица загинаа, а уништени се 150 куќи во пожарите во Австралија

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот, при што загинаа три лица, а уништени се повеќе од 150 куќи.

Временските услови со температури повисоки од 34 степени и силен сув ветер го отежнуваат гаснењето на пожарите и го загрозуваат квалитетот на воздухот.

Според премиерот Гледис Буреџиклијан, ваквата мерка е донесена поради заштита на животот, имотот и безбедноста за сите.

Властите истовремено го предупредија локалното население дека би можело да се случи и евакуација, додека е се уште се мирно и без паника.

На пожарникарите во гаснењето на огнот им помагаат колегите од државата Вирџинија, а вкупно се ангажирани 400 со 50 возила.

Во текот на сувата летна сезона во Австралија шумските пожари се вообичаени, а најлошата огнена стихија ја погоди земјата во 2009 година, кога загинаа 173 лица, а 414 беа повредени.

Поврзани вести

Реакција на Вучиќ по повод апсењата во Црна Гора: Апсат 70-годишна жена, не можам да се мешам во внатрешните работи на Црна Гора

Никола Поповски

Мадуро најави масовна вакцинација со руски и кинески вакцини во Венецуела

Никола Поповски

Епидемиологот Тегнел: Наместо да се смеете на шведскиот модел на борба против ковид-19, подобро би било да научите нешто од него

Александар Петровски

Гренел: На Косово се добредојдени Евреите, муслиманите и христијаните

Никола Поповски

Постојат 3 типа на коронавирус во светот: Еден потекнува од Кина, но она што научниците го откриле во САД ги зачудило

Лукашенко: Русија и Белорусија немаат многу пријатели, мора заеднички да реагираме на заканите

Влатко Зорба