ЕУ СВЕТ

Тригодишно девојче починало во Белгија од коронавирус

Тригодишно девојче починало во Белгија од последиците од коронавирусот, пренесува АФП.

Засега не е познато дали девојчето претходно страдало од нешто, ниту како се заразило.

Да се ​​потсетиме дека во претходните денови, Белгија забележа значително зголемување на бројот на пациенти со „Ковид-19“. Поради зголемувањето на бројот на ново заразени, белгискиот Совет за национална безбедност одлучи да воведе построги мерки со цел да се сузбие ширењето на инфекцијата.

Наместо најавената „петта фаза“ од напуштање на итните мерки, белгиските власти донесоа одлука за заострување на правилата и нови ограничувања. Новите мерки се однесуваат на задолжителното носење заштитни маски на сите јавни места, но и на прометните улици и маркети, следење на контакти на клиенти во кафулиња и барови, како и скратено работно време на дежурните ноќни продавници.

Поврзани вести

Апел од милијардер: Бара државна помош, а седи во карантин на приватен остров на Карибите

Лидерите на опозицијата во Црна Гора ја договорија новата влада: Усогласивме четири принципи

Џонсон со писмо до Корбин бара да поддржи вонредни избори

Maja_Serafimova

Праг на толеранција: Северна Македонија на 80-тото место, Холандија најтолерантна земја во светот

Никола Поповски

После 30 години, откриена секта: Жртвите биле млади девојки – вклучени две балетски училишта (видео)

Ердоган ја предупреди Грција: Никогаш не правиме компромис за тоа што е наше

Никола Поповски