Вести СВЕТ

Трогателен говор на синот на Џорџ Флојд на местото каде што беше убиен неговиот татко: „Ви благодарам за поддршката, бараме правда“ (видео)

Синот на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд одржал говор на местото каде што почина неговиот татко во Минеаполис, јавува Би-Би-Си.

Квинси Мејсон Флојд, син на убиениот Џорџ Флојд, им се заблагодарил на новинарите и демонстрантите и изјавил дека дошол на местото каде што почина неговиот татко во „…обид да добие правда“.

„Ниту еден маж, ниту една жена не треба да остане без своите татковци. Затоа бараме правда за она што се случи тука“, изјавил Квинси Флојд.

На прашањето да ги коментира глобалните протести како знак на поддршка за борбата против полициската бруталност и расизам, Мејсон Флојд изјавил: „Благодарен сум на сите што покажуваат поддршка и љубов. Благодарам што го поддржавте моето семејство“.

Поврзани вести

Во светот 5,5 милиони заразени и 2,3 милиони излечени од Ковид-19

На албанското крајбрежје пронајдена е мртва гигантска желка од видот „Карета“

Бил Гејтс најави нова пандемија, ќе има биотерористички напад и тоа во 2025 година!

Ердоган: Милиони мигранти и бегалци ќе тргнат кон Европа

Демократите: Трамп е закана за американската демократија

Влатко Зорба

Путин: Руската војска ќе се повлече ако побара идната сириска Влада

Влатко Зорба