Регион СВЕТ

Тројца починати и нови 57 случаи на заразени со коронавирус во Србија

Србија досега има евидентирано 9.848 заразени лица со коронавирус, 206 починати и 2.160 излечени граѓани.

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се три лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 206 граѓани, со просечна возраст од 67,82 години, соопштија на владиниот сајт ковид.рс.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 5.521 лица, од кои позитивни на вирусот се речиси двојно помалку од вчера или 57 граѓани, или 1,03 отсто од тестираните..

Во Србија досега се тестирани 122.995 граѓани.

Според денешните податоци, најмногу новозаболени има во Белград (21) и во Лесковац (20).

Се намалува и бројот хоспитализирани во ковид болниците и во привремените центри, во кои заклучно со денес има 1.710 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 48 лица.

Во Србија, со укинувањето на вонредната состојба од денеска веќе нема полициски час и забрана за движење. Но, остануваат вонредните мерки, бидејќи и понатаму на сила е прогласената епидемија од посебено значење.

Владата со соопштение ги потсети граѓаните и стопанствениците дека и натаму имаат обврска да ги почитуваат заштитините мерки се додека трае опасноста од ширењето на вирусот.

Поврзани вести

Трамп именува специјален претставник за преговорите меѓу Белград и Приштина

Влатко Зорба

Гутереш ја нарече ситуацијата во Либија „скандалозна“

Трамп го именуваше Стивен Биган за заменик државен секретар на САД

Влатко Зорба

Тачи за авиолинијата Белград-Приштина: Ти благодарам Трамп за твоето лидерство и улога

Никола Поповски

Нова експлозија во Либан: Хезболах го блокирал подрачјето (видео)

Никола Поповски

Хакери објавиле податоци од 1.000 белоруски полицајци: „Веќе нема да можат да не апсат и тепаат анонимно“

Никола Поповски