Регион СВЕТ

Тројца српски „Пинк Пантери“ осудени на затворска казна во Швајцарија

Тројца српски државјани биле осудени пред судот во Цирих на неколку години затвор за разбојништво, подготовка за грабеж и учество во организираната криминална група „Пинк Пантер“.

Според српските медиуми, станува збор за Срби на возраст меѓу 39 и 44 години, чиј идентитет не е објавен, а тие биле осудени на затворски казни од пет до седум и пол години затвор за планирање разбојништва и други злосторства.

Исто така, судот во Цирих донел одлука во првостепената постапка дека на двајца државјани на Србија ќе им биде забранет влез во земјите од Шенген зоната во следните 10 години, а на третиот ќе му биде забранет 15 години.

Имено, според медиумите, тројцата осуденици се товарат за планирање на големиот грабеж на златарница во Лугано во февруари 2018 година, кога биле уапсени непосредно пред да упаднат во неа.

Осудените српски граѓани имаат право на жалба на првостепената пресуда.

Поврзани вести

Трудо призна дека го озборувал Трамп

Maja_Serafimova

Полицијата во Хонг Конг ќе влезе во блокираниот Политехнички универзитет

Молекуларниот биолог Игор Штагљар точно пресмета колкави се шансите да заболете од коронавирус

Александар Петровски

Во Русија, во последните 24 часа се регистрирани 10.699 нови случаи на инфицирани со новиот коронавирус

Вучиќ: Берлин преку Брисел ќе има главен збор во решавање на косовското прашање

Ивана Рамаданова

32 лица настрадаа во автобуска несреќа во Германија

Влатко Зорба