Регион СВЕТ

Тројца загинати и 179 повредени, при излетување на авион од писта на аеродром во Истанбул

При излетувањето на патнички авион за време на слетувањето на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен” во Истанбул загинаа три лица, додека 179 се повредени, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, јави Анадолија.

– Хоспитализирани се 179 лица. За жал, тројца наши државјани го загубија животот, изјави министерот Коџа.

-Авионот на Пегасус Ерлајнс леташе од областа Измир на аеродромот во Истанбул, кога се урна во текот на слетувањето, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Трухан.

Набругу по излетувањето на авионот од писта, на местото на настанот стасаа противпожарни и медицински тимови. Пожарникарите успешно го изгаснаа пожарот кој изби во авионот.

Министерот Турхан рече дека некои од патниците успеале самостојно да го напуштат леталото, додека на останатите им помогнале спасувачки тимови.

Истакна дека и поради несреќата сите авиони кои требаа да слетаат на аеродромот „Сабиха Ѓокчен” се пренасочени на новоизградениот аеродром Истанбул.

Обвиинителството во главниот град Анкара отвори истрага за инцидентот, а аеродромот Сабина Ѓокчен привремено е затворен за воздушен сообраќај.

Поврзани вести

Ден на жалост утре во Албанија

Влатко Зорба

Германија: Нов корона-кластер во кланица, стотина заразени

Бројот на починати од коронавирус во Кина надмина 3.000

Stefanija Kuzmanovska

Најсигурни места во светот: Идеални за заштита од коронавирусот (видео)

Шведската министерка за надворешни работи: Мит е дека животот во земјата ни тече нормално, сепак се потпревме на разумот на граѓаните

За да ја зголеми конкуренцијата, Кина намалува царини за 850 странски производи

Никола Поповски