Вести СВЕТ

Труење или не: Пет прашања во врска со случајот на Алексеј Навални

На 20 август, Алексеј Навални, најгласниот критичар на рускиот Кремљ, го заврши митингот што го водеше за кампањата за опозициските политичари во Сибир, пред изборите на 11 и 13 септември.

Тој го напушти хотелот „Ксандер“ и се упатил кон аеродромот „Богашево“ во Томск. Тој таму испил чаша чај и отпатувал за Москва.

Во првиот половина час од летот, тој се почувствувал лошо , а очевидците велат дека врескал од болка, по што паднал во кома.

Авионот итно слетал во Омск, руски град каде му била укажана помош и каде лекарите рекле дека е премногу болен за да може да го пренесен понатаму. Но, два дена подоцна (сабота, 22 август), тие изјавија дека неговиот живот не е во опасност.

Дали бил отруен?

Тимот на Навални верува дека тој бил отруен од нервен агенс од типот „Новичок“, а ова тврдење го поддржуваат и неколку европски земји.

Лабораторијата во Германија изјави дека има потврда за тоа од 2 септември, додека лабораториите во Франција и Шведска објавија слични сертификати на 14 септември.

Примероци од Навални зела и Организацијата за елиминација на хемиско оружје (ОПЦВ) од Хаг за да ги тестира.

Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен, а нивните сојузници од Белорусија исто така се сомневаат во тие наводи. Лекарите во Омск велат дека не нашле токсични материи во телото на Навални.

Американскиот претседател Доналд Трамп бил критикуван за наклонетост кон руската страна затоа што на 4 септември, два дена откако Германија објави дека има „непобитни докази“, тој рече дека „се уште немаме докази“.

Каква е состојбата на Навални?

Лекарите од Германија на 7 септември, по повеќе од две недели од инцидентот, рекоа дека тој излегол од кома и дека состојбата се подобрува. Неговата портпаролка изјавил дека тој „постепено ќе биде отстранет од апаратот за дишење“.

На 15 септември, Навални објави на Инстаграм како дише сам и како планира да се врати во Русија.

Ако бил отруен, кој и каде го труел?

Тимот на Навални верува дека тој бил отруен по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, што Кремљ категорично го негира.

Портпаролката на Навални, Кира Јармис, прво изјави дека верува оти во чајот на Навални на аеродромот бил ставен отровот, додека на 17 септември неговиот тим објавил дека бил пронајден нервен агенс во празно шише со вода во неговата хотелска соба во Томск, што укажува дека тој бил отруен таму, а не на аеродромот.

Кои се последиците од наводното труење?

Наводниот напад го продлабочи раздорот меѓу Европа и Русија, бидејќи Германија и Франција ги водат повиците за целосна истрага, но сè уште не ја обвинија директно руската влада.

Европратениците ја повикаа Русија да биде санкционирана, велејќи на 17 септември дека „употребениот отров од почетната група може да се развие само во државните воени лаборатории и не може да падне во рацете на приватни лица, што директно значи дека руските власти стојат зад нападот“.

Руското Министерство за надворешни работи го повика германскиот амбасадор во Москва на разговори, додека Велика Британија покани руски дипломатски претставник на разговори во врска со инцидентот.

Москва, од своја страна, отфрла сè што се нарекува политизација на ова прашање.

Вреди да се напомене дека германската канцеларка Ангела Меркел е под притисок да го прекине проектот за гасоводот „Северен поток 2“, со кој рускиот гас би се пренел во Германија. Уште еднаш, Кремљ предупреди да не го меша случајот Навални со гасоводот.

Поврзани вести

Oбесен Кинез кој убил четиричлено семејство во Јапонија

Италијанската полиција заплени околу четири тони пиротехнички средства

Во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 60.000 нови случаи во САД

Семејство од Вухан наиде на грозоморна слика: Во чорба што ја нарачале имало лилјак (фото)

Канада е во рецесија во првиот квартал предизвикана од пандемијата Ковид-19

Вучиќ се повлече од воведување полициски час