Вести СВЕТ

Цистерна влета меѓу демонстрантите во САД: Го извлекле возачот и брутално го претепале (видео)

Возач кој влетал во група демонстранти во Минеаполис со цистерна е уапсен, откако со полесни повреди бил пренесен во болница.

Тој бил однесен во болница откако лицата кои се обидел да ги згази го извлекле од возилото и го претепале.

Полицијата на округот Хепфин објавила на Твитер фотографија од уапсениот Богдан Вечирк, кој, откако е утврдено дека имал полесни телесни повреди, бил однесен во полициската станица,, по што е обвинет за предизвикување општа опасност.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека цистерната со целосна брзина влегува во толпата демонстранти кои протестирале  на мостот на автопатот I-35W во Минеаполис поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Демонстрантите прво биле прикажани како бегаат во паника, а потоа, додека цистерната забавувала, налутено трчале кон неа, качувајќи се врз неа и отворајќи ги вратите на возачкото и совозачкото место.

Собраните луѓе потоа го извлекле Вечирк од возилото и почнале да го тепаат, сè додека полицијата не пристапила и го уапсила.

Полицијата соопштило дека немало извештаи за повредени меѓу демонстрантите, а во тоа време броеле околу 5.000, објави „Си-Би-Ес“.

Пред инцидентот со цистерната, протестот бил мирен.

Поврзани вести

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени

Лекарка од Шведска ќе ја врати Нобеловата награда поради Хандке

Офицер во Австрија усмртен од воени кучиња

Ердоган ја предупреди ЕУ: Турција би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава и да ги испрати назад во Европа

Кога ќе имаме лек за коронавирусот?

Влатко Зорба

Дали француски научници ја открија замената за респираторите: Лекот за потешко заразените пациети доаѓа од природата