Регион СВЕТ

Црн ден во Хрватска: 1.424 нови случаи на коронавирус, починале 11 лица

Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 1424 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи денес е зголемен на вкупно 6459, објавило тамошното Министерство за здравство.

Ова е најголем број новозаразени во еден ден, досега регистриран во Хрватска.

Меѓу нив, 622 пациенти се во болница, од кои 38 се на апарати за дишење.

Министерството за здравство објави дека починале 11 лица во последните 24 часа поради компликации со болеста.

Од 25 февруари 2020 година, кога бил регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 28.287 лица заразени со новиот, од кои 393 починале.

Вкупно се опоравиле 21.435 луѓе, од кои 473 во последните 24 часа. Во моментов има 24.242 лица во самоизолација.

Поврзани вести

Коронавирус во светот: 34 земји немаат пријавено ниту еден случај на инфекција

Пуштање во промет вакцина против ебола

user4

Нов рекорд: На Антарктикот измерена температура преку 20 степени Целзиусови

Единствен случај во свет каде нема карантин: Јужна Кореја на чекор до победа над Ковид-19

Во седум општини во Србија е воведена вонредна состојба поради надојдените реки по обилниот дожд (ВИДЕО)

Мицотакис: Турција има империјалистички фантазии

Stefanija Kuzmanovska