Регион СВЕТ

Црн рекорд во Хрватска: 208 новозаразени, најмногу од месец март

Во последните 24 часа потврдени се 208 новозаразени лица во Хрватска, што е најмногу од почетокот на епидемијата на коронавирусот во таа земја, соопштил Националниот штаб за цивилна заштита, јавува регионалните медиуми.

Бројот на активни случаи е 961, 106 лица се лечат во болнички услови, додека десетмина се приклучени на респиратор. Две лица починале, едно лице родено во 1960 година во Сплит кое било на респиратор и лице родено во 1934 година во Клиничката болница Осијек со коморбидитет.

„Округот Сплит-Далмација и градот Загреб се водечки по бројот на нови пациенти. Ситуацијата покажува дека просечната возраст на новозаразените е 31 година, а нивните клинички слики во моментов се благи”, изјавил на прес-конференција Крунослав Чапак, директор на хрватскиот Институт за јавно здравје.

Поврзани вести

Седум лица загинаа во тешка сообраќајка во Унгарија

Maja_Serafimova

Нема нова влада на повидок во Израел

Според 61 отсто од Американците, Трамп не бил подготвен за здравствената криза

Данска ќе ги отвори градинките и училиштата, Норвешка успеа да ја стави епидемијата под контрола

Велика Британија: Дали решението за излез од пандемијата е воведување на „групен имунитет“?

Аја Софија повторно станува џамија