Регион СВЕТ

Црна Гора: Обврска за носење маски за деца постари од 5 години

Црногорското национално координативно тело за инфективни болести (НКТ) воведе обврска да носат заштитни маски за деца постари од пет години, со цел да се намали ширењето на коронавирусот кај децата и учениците.

НКТ го упати Министерството за образование до понеделник да ги утврди сите релевантни параметри и да ја информира јавноста за сите аспекти на почетокот на учебната година, имајќи ја предвид епидемиолошката состојба.

Надлежните инспекциски тела, пред се Санитарен и здравствен инспекторат, се задолжени да го следат исполнувањето на условите за редовна настава во контекст на почитување на епидемиолошките мерки до почетокот на учебната година.

„Инспекциските тела, како на државно, така и на локално ниво, уште еднаш се повикани на доследно и континуирано следење на спроведувањето на важечките епидемиолошки мерки и редовно да известуваат на јавноста за резултатите од контролите“, објави Владата на Црна Гора.

Поврзани вести

Приштина: Денеска почнува процес пред суд за убиството на Ивановиќ

Maja_Serafimova

ВИДЕО: Убиени водачите на црногорскиот Шкаљарски клан во Атина

Казна до 2.000 евра во Црна Гора за не носење заштитна маска!

Влатко Зорба

Од јуни во Белгија и Германија ќе започнат првите клинички тестови за вакцината против Ковид-19

Црн ден во Хрватска: 1.424 нови случаи на коронавирус, починале 11 лица

Никола Поповски

Трифуновиќ: Ме нападнаа „храбри“ членови на Левијатан

Stefanija Kuzmanovska