Регион СВЕТ

Црногорец на крузерот „Дајмонд принцес“ заразен со Ковид-19

Црногорски државјанин, член на екипажот на „Дајмонд принцес“ заразен е со новиот коронавирус, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Во соопштението се наведува дека тестовите потврдиле дека тој е заразен со Ковид-19, но во телефонски разговор со црногорските власти тој соопштил дека се чувствува добро.

Се очекува наскоро да биде префрлен од бродот во болница на копното во Јапонија.

„За новите информации кои се однесуваат на тоа во која болница ќе биде сместен заболениот, јавноста ќе биде дополнително информирана, соопшти црногорското МНР.

Последните патници од крузерот „Дајмонд Принцес“, чии наоди на тестовите биле негативни, денеска го напуштаат тој брод, откако беше прогласен крај на карантинот воведен на 3 февруари.

На бродот, на кој имаше 3.700 патници, кој се наоѓа во карантин во пристаништето Јокохама, Јапонија, забележан е најголем број случаи на Ковид-19 надвор од Кина, при што таа бројка синоќа изнесуваше 634 заболени.

Поврзани вести

Словенија: Невработените лица во државата ќе добиваат 530 евра месечно

Maja_Serafimova

Чешкиот претседател Земан хоспитализиран за да „ја врати кондицијата“

Maja_Serafimova

Џонсон со писмо до Корбин бара да поддржи вонредни избори

Maja_Serafimova

Грета Тунберг прогласена за личност на годината од „Тајм“

Се дознаа нови детаљи во истрагата за импичмент на Трамп

Експерти: Швајцарија за само неколку години изгуби 500 глечери