Регион СВЕТ

Црногорскиот министер за одбрана: Војската на оваа земја ја сочинуваат повеќе од 20 проценти Срби

Министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, денеска во Собранието најави дека немало и нема да има пребројувања по национална основа во Армијата на Црна Гора.

Како одговор на прашањето од пратеникот на ДФ, Милан Кнежевиќ, тој изјавил дека во Армијата на Црна Гора моментално има над 20 проценти припадници кои се изјаснуваат како Срби.

„Во Армијата на Црна Гора има луѓе од сите вери и нации, а има над 20 проценти Срби. Началникот во војската кој е одговорен за екипирање е Србин од Требиње, поранешниот командант на Воздухопловните сили кој оди на мисија во Брисел е Србин од Крагуевац, командантот на најголемиот брод е Србин од Војводина “, истакнал Бошковиќ.

Бошковиќ истакнал дека е уште поважно што овие припадници на Армијата „ја сметаат оваа земја како своја, подготвени се да ја бранат и да умрат за неа ако треба“.

Поврзани вести

Средба Мицотакис – Пајат

Maja_Serafimova

СЗО: Коронавирусот сè уште забрзано се шири низ светот

Stefanija Kuzmanovska

ФОТО: Најмасовни протести во Црна Гора против Законот за слобода на вероисповест

Кон: Не се очекуваше ваков потенцијал на коронавирусот во текот на летото

Влатко Зорба

ЕУ повлече седум милиони маски бидејќи не заштитуваат од коронавирусот

Баша: Продолжувањето на вонредната состојба е во служба на политичката агенда на Еди Рама