Регион СВЕТ

Турција: Укината забраната за Википедија

По пресудата на турскиот Уставен суд, од денеска треба да се укине забраната за Википедија во оваа земја. Судот пред извесно време одлучи дека блокадата на интернетската енциклопедија во Турција, која, патем, трае веќе две години, претставува кршење на слободата на изразување.

Пресудата на Уставниот суд, објавена во Службен весник, го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година, поради напис во Википедија со кој Турција се поврзуваше со терористички организации.

Пристапот до страниците на Википедија ќе биде овозможен откако пресудата, што беше донесена со десет гласа „за“ и шест „против“ на уставните судии, и официјално и биде проследена на Агенцијата за надзор врз телекомуникациите.

Укинувањето на забраната од Уставниот суд го побара Фондацијата Википедија, непрофитната организација која оддржува страници со онлајн енциклопедии.

Поврзани вести

Во Србија 4 нови смртни случаи од коронавирусот: 157 новозаразени во последните 24 часа

СИРИЗА: Владата ги претвора островите во затвори на сите баратели на азил, семејства и малолетни лица

Алфред Бош: Затворските казни за каталонските лидери не го решаваат проблемот туку само го влошуваат

Влатко Зорба

Турција ќе продолжи да купува уште ракетни системи од Русија

Maja_Serafimova

Борисов: Бугарската Влада со големо внимание ја следи состојбата во Сирија и ситуацијата со мигрантите

Италија: Во еден ден од коронавирус починале 168 луѓе, најмногу досега

Никола Поповски