Регион СВЕТ

Туристите кои планираат ова лето да одат во Грција мора да имаат негативен тест на коронавирус

Грчкиот министер за туризам во четвртокот изјави дека сите туристи кои планираат да ја посетат Грција ова лето, по почетокот на сезоната што започнува на 1 јули, мора да имаат негативен тест на коронавирусот пред да се качат во авион, пренесува Greekreporter.com.

– Идејата е да се изврши проверка во земјата пред туристите да тргнат во Грција, така што луѓето кои веќе се во авионот да се чувствуваат безбедни затоа што другите патници се исто така негативни на вирусот корона – рече Харис Теохарис за германскиот весник Фаз.

Иако потенцираше дека епидемиолозите сè уште не донеле конечна одлука, министерот потенцира дека луѓето мора да имаат можност да се одморат и да не се прашуваат на плажа која е стапката на зараза во земјата од каде дошол туристот што седи до нив на плажа.

Според германскиот весник, моментално понудените тестови за вирусот корона на аеродромот во Виена чинат 190 евра.

Така, четиричлено семејство би требало да потроши и дополнителни 1.500 евра покрај трошоците за одмор, доколку се принудени да прават уште еден тест при враќање од одмор за да избегнат 14-дневен карантин во нивната земја.

Теохарис призна дека овој дополнителен трошок може да биде пречка за патување за многумина, но изрази надеж дека тестовите би можеле да чинат 10 евра по човек до јули.

„Се прават огромни напори да се направат тестовите поевтини и поприфатливи“, рече тој.

Министерот рече дека тестовите не се потребни за оние што се враќаат дома по одморот во Грција.

Поврзани вести

Во САД, електронските цигари можна причина за смртта на 34 луѓе

Maja_Serafimova

Ураганот Сали го опустоши југоистокот на САД (ВИДЕО)

Александар Петровски

Зошто маските во моментов се посилно оружје од вакцината?

Берта Китинска

Торнадо го погоди Нешвил, најмалку 22 жртви (видео)

Дали Пентагон не дозволува Трамп да ги повлече војниците од Германија?

Три лица се убиени во напад што се случи во центарот на Москва (ВИДЕО)