ЕУ СВЕТ

Уапсен лидерот на полската екстремистичка десница поради јавно поттикнување на омраза кон Евреите

Лидерот на полската екстремистичка десница Јацек Миедлар денеска е уапсен поради јавно поттикнување на омраза кон Евреите.

Миедлар, кој е поранешен свештеник уапсен е во градот Вроцлав поради манифестот во кој ги обвинува Евреите за предавство на Полска во 1918 година, кога на земјата и беше вратена независноста.

Миедлар е еден од најконтроверзните и најпрепознатлив припадник на екстремната десница во Полска, а подолг период шири антисемитизам и исламофобија.

Во 2017 година на Миедлар му беше забрането да влезе во Велика Британија, каде планираше да учествува во марш против исламот.

Полското обвинителство пред неколку години покрена истрага против Миедлар поради тоа што за време на проповед ги нарече Евреите „рак рана“, но потоа се откажаа од случајот.

Поврзани вести

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Ширум светот заразени 2,6 милиони луѓе, коронавирусот однесе повеќе од 180.000 животи

Stefanija Kuzmanovska

Четворица новозаразени со коронавирус во Словенија

Функционер близок до шпанскиот премиер заразен со коронавирус

Силно невреме ја погоди Москва, голем број населби останале без струја

Горбачов: Се додека постои нуклеарно оружје, опасноста за цел свет е колосална

Влатко Зорба

Ердоган не попушта: Готово е, границите се веќе отворени

Никола Поповски