СВЕТ

УБИЕН ПОЛКОВНИК! Азербејџан влегува во војна со уште една држава

Азербејџан ги гранатираше јужните гранични премини на Ерменија со Иран утрово помеѓу 10:00 и 10:15 часот по локално време, објави ерменскиот обединет инфоцентар.

Азербејџан со тоа уште еднаш го прекрши договорот за прекин на огнот, тврди Ереван.

Азербејџански дрон се срушил на територијата на Ерменија, јави „Арменпрес“.

Поради најновото кршење на прекинот на огнот и гранатирањето на државната граница на Ерменија, Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека биле принудени на одамзда кон азербејџанските воени сили.

Убиен полковник

Полковникот на ерменската армија Сергеј Шакаријан е убиен во акцијата на азербејџанската армија, тврди Министерството за одбрана на Азербејџан.

Министерството во Баку објави дека во текот на 26 и 27 октомври, ерменските воени страни го прекршиле договорот за прекин на огнот, користејќи арсенал оружје, пренесе агенцијата „Азертак“.

Борбите продолжија во три града, а нападите на ерменската армија беа одбиени и „непријателот се повлече и претрпе човечки загуби“, додаде Министерството за одбрана на Азербејџан.

„Како резултат на акцијата спроведена од нашата армија, уништен е командниот пост на 18-та моторизирана дивизија на ерменските вооружени сили. Меѓу загинатите беше и полковникот Сергеј Шакаријан, началник на Генералштабот на дивизијата”, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

 

Поврзани вести

Чешкиот претседател: Нема патувања во други земји, летово уживајте во убавините на Чешка

Германски виролог предупредува: Не ги отворајте градинките, децата имаат многу поголема концентрација на вируси

Одгледувач на кучиња го држи клучното место во организацијата на Трамп за борба против корона

Најмалку 16 починати и 13 исчезнати во поплавите на југот на Јапонија

Министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка

Девет морнари од американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт се во болница поради коронавирус