Вести СВЕТ

Украинскиот патнички авион што се урна вчера во Иран не сигнализирал дека има проблем

Украинскиот патнички авион што се урна вчера во Иран не сигнализирал дека има проблем, но се обидел да се врати на аеродромот во Техеран, јавија светските агенции повикувајќи се на прелиминарен извештај што го објави Иранската организација за цивилно воздухопловство.

Очевидци на земја и во авионите кои летале во околината им рекле на иранските иследници дека „Боингот 737“ се запалил уште додека бил во воздух.

При уривањето на авионот на украинската авиокомпанија Интернешнел ерлајнс дошло до голема експлозија најверојатно затоа што бил полн со гориво за летот до Киев, се вели во извештајот.

Украинскиот авион се урна веднаш по полетувањето кон Киев од аеродромот во Техеран. Во авионот имало 167 патници и девет членови на екипажот. Во несреќата загинаа 82 Иранци и 63 Канаѓани, како и граѓани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

Поврзани вести

Бојко Борисов смени четири министри во владата

И лавовите во зоолошката градина во Бронкс позитивни за коронавирус

Влатко Зорба

Демократите треба да изнесат две формални обвиненија против Трамп и да повикаат на гласање за импичмент

Канада: Вооружен напаѓач убил 16 луѓе (видео)

Шпанскиот крал Фелипе во карантин по контакт со лице заболено од Ковид 19

Бетмобил на улиците на Москва, полицијата го заплени