Регион СВЕТ

Вархеји и одобри на Србија 94 милиони евра за сузбивање на последиците од Ковид-19

Европската унија и одобри на Србија околу 94 милиони евра непотрошени средства од тековните проекти и Инструментот за претпристапна помош (ИПА) да се искористат за спречување и сузбивање на последиците од коронавирусот, соопштија од српската Влада.

На 16 март српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ испратила писмо до еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во кое бараше ЕУ да и овозможи на Србија да пренамени непотрошени средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за преземање мерки на сузбивањето на последиците од коронавирусот.

Во одговорот на ова писмо, како што соопштија од српската Влада, Вархеји напишал дека и дал налог на својата служба, со согласност на српската Влада, да ослободи околу 94 милиони евра од тековните проекти и проекти од ИПА фондовите кои досега не се реализирани. Овие средства вклучуваат 15 милиони евра за итни потреби од тековни програми и договори со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), навел Вархеји, додавајќи дека може да се користат и дополнителни 21 милиони евра од Програмата за поддршка на европските интеграции.

Вархеи во писмото, укажал на можноста и за дополнителна поддршка со обезбедување 57,6 милиони евра за проекти чија имплементација сè уште не започна да се пренасочи кон поддршка на здравствениот систем и надминување на социо-економските последици од пандемијата на коронавирус, соопштија од српската влада.

Поврзани вести

Руската црква објави: Прекинува дијалогот со поглаварот на грчката црква

Влатко Зорба

Казни до 20.000 евра за непочитување на прописите во Грција

Stefanija Kuzmanovska

Тежок облик на коронавирус може да го оштети мозокот

Шпанија: За првпат жена ќе биде на чело на разузнавачките служби

Никола Поповски

Се бара импичмент за Трамп од страна на демократите

Maja_Serafimova

Борел: Укинувањето на таксите е важна одлука