Вести СВЕТ

Важно предупредување: Алкохолните пијалоци не го уништуваат Ковид-19

„Стравот и дезинформациите доведоа до опасен мит дека пиењето жесток алкохол може да го уништи КОВИД-19. Тоа не е точно “, велат од СЗО.

„Пиењето каков било алкохол претставува закана за здравјето, додека пиењето високо етилен алкохол, особено кога се меша со метанол, може да има сериозни здравствени последици, вклучително и смрт“.

Наместо тоа, оваа институција на ООН ги повикува владите да спроведат мерки со кои се ограничува потрошувачката на алкохол, особено во земјите каде што е полицискиот час.

„Во време кога луѓето се заклучени во своите домови поради епидемија на коронавирусот, потрошувачката на алкохол може дополнително да го влоши здравјето, да го зголеми ризикот од агресивно однесување, да предизвика проблеми со менталното здравје и насилство“, се додава во извештајот.

Во првите две недели на карантин во Франција, бројот на пријавени случаи на семејно насилство се зголемил за 30 проценти, соопштило Министерството за внатрешни работи. Националната линија за помош при насилство во Велика Британија, исто така, забележува зголемување од 25 проценти во повиците и барањата за помош. Според СЗО, три милиони луѓе годишно го изгубиле животот поради алкохол, од кои една третина се од Европа.

Поврзани вести

Хуманитарната организација „Мерси корпс“ се повлекува од североисточна Сирија

user5

Америка гласа, се чека со саати во редовите: „Гласаме како од тоа да зависат нашите животи“

Stefanija Kuzmanovska

Потврда од Западот: Руската вакцина функционира, несаканите ефекти се благи

Влатко Зорба

Русија официјално започна со производство на вакцина против коронавирусот

Влатко Зорба

ЕУ ќе ги продолжи санкциите кон Русија до 31 јануари 2021 година

Stefanija Kuzmanovska

Олеснување на пристапот на материјално необезбедените домаќинства до гарантирана минимална помош

Влатко Зорба