Вести СВЕТ

Велика Британија: Бремена медицинска сестра починала од коронавирус, лекарите го спасиле бебето

28-годишната медицинска сестра Мери Агиапонг, која работела во универзитетската болница Данстабил во британскиот град Лутон, починала во неделата , откако на работа се заразила со коронавирус.

Лекарите успеале да го спасат нејзиното бебе со царски рез, објави Скај њуз.

Колегите на медицинската сестра во универзитетската болница изјавиле дека таа била „прекрасна медицинска сестра и одличен пример за она кое се залагаме“.  Главниот извршен директор на НХС, Дејвид Картер, изјавил дека опстанокот на нејзиното новороденче е „светло во ова многу темно време“

Рода Асиеду и Глорија Гјан, пријатели на Мери Агиапонг, формирале фонд за прибирање средства за помош на нејзиниот сопруг и женското бебе (кое го добило името Марија, по мајката на медицинската сестра). Досега собрале повеќе од 5.000 фунти.

Организациите кои ги застапуваат бремените жени за Гардијан соопштиле дека на стотици здравствени работници им се кажува дека мора да работат – понекогаш и без лична заштитна опрема – иако стравуваат за своите неродени деца.

Поврзани вести

Италија најави тестирање на вакцини против Ковид-19

Бајден изрази сочувство до Трамп: Американците мора да се обединат

Stefanija Kuzmanovska

„Блумберг“: Трамп планира да прогласи вонредна сосотојба во САД поради коронавирусот

ОН: Во светот 29 милиони девојки и жени се жртви на современо ропство

Влатко Зорба

Коронавирус во Русија: Како Путин го решил проблемот со аптеките што ги зголемиле цените на маските? (видео)

Италија: Благ пораст на починати, стабилен број новозаразени

Stefanija Kuzmanovska