СВЕТ

Велика Британија: Бројот на злосторства од омраза против Кинезите зголемен за три пати

Злосторствата од омраза против Кинезите во Велика Британија се зголемија за време на епидемијата на коронавирусот, покажуваат бројките на британската полиција.

Во текот на првите три месеци од 2020 година, за време на кризата КОВИД-19 беа регистрирани најмалку 267 кривични дела, вклучувајќи напади, грабежи и вознемирување.

Жртвите опишале дека биле удрени, плукани и вербално напаѓани на улица поради коронавирусот, откако првиот случај бил пријавен во Кина.

Стапката на злосторствата од омраза кон Кинезите меѓу јануари и март беше скоро три пати поголема од претходните две години, според податоците објавени од британската полиција до Скај њуз.

Џереми Ву, студент и медицински техничар кој работи во Велика Британија, рече дека се соочува со дискриминација кај некои пациенти и колеги, при што еден соработник го прашува зошто не се вратил во својата земја со својот вирус.

Ву рече дека плачел пред спиење и се чувствувал осамен затоа што нема со кој да разговара за чувствителното прашање.

„Порано или подоцна луѓето ќе сметаат дека е смешно да асоцираат пандемичен вирус со одредена група на луѓе како ХИВ со ЛГБТ заедницата во 80-тите“, рече тој.

Мајкл Чиу, 22-годишен студент на универзитетот Шефилд Хелам, рече дека бил нападнат поради вирусот од луѓе во автомобил, кои фрлале овошје кон него.

„Роден сум во Велика Британија и немам апсолутно никаква врска со коронавирусот и што е уште поважно, тој не прави дискриминација на кој било начин или во било која форма. Тоа е едноставно незнаење“, рече тој.

Поврзани вести

Лидерот на движењето Двери почна штрајк со глад пред српското Собрание

Тестот на човекот кој почина во автобус во Кина позитивен на „хантавирус“

Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд се зголеми на 19

Во судир на автобус и камион во Словачка најмалку 13 загинати и 20 повредени

Американско истражување: Микрокапките можат да останат во воздухот повеќе од 10 минути, говорот значителен начин на ширење на вирусите

Пенс и Помпео во посета на Турција, Ердоган нема да се сретне со нив

user4