Регион СВЕТ

Весели се опорави од коронавирусот

Демократската партија на Косово (ДПК) објави денеска дека нејзиниот претседател Кадри Весели се опоравил од ковид-19 и дека, откако бил во самоизолација, тој се вратил во својата секојдневна работа во партијата.

Се додава дека Весели ги повика граѓаните да носат заштитна маска, да го почитуваат растојанието и да одржуваат хигиена на рацете.

„Благодарам на сите што беа со мене во овој период. Немав сериозни симптоми, но ситуацијата со самоизолација не беше ни лесна “, рече Весели, пренесува Косово онлајн.

На 23 јули, Кадри Весели на својот Фејсбук профил изјави дека бил известен од Институтот за јавно здравје дека е позитивен за коронавирусот.

„Јас сум во добра здравствена состојба и ќе останам во изолација до целосно закрепнување“, напиша Весели и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за превенција.

Поврзани вести

Трагедија во Кина: 29 починати при уривање на ресторан

Никола Поповски

Се вратил од Италија во БИХ му рекле: „Што ќе ве тестираме, така е тоа со вирусите, се шират“

Гренел: Точката 10 ќе се најде на дневен ред во Брисел

Влатко Зорба

Словенечката полиција на граница откри 12 деца кои билe скриени во затворени вагони со глина

Александар Петровски

Мицотакис: Мигрантското прашање е европска тема

user4

Мицотакис: По десетгодишна криза и интровертност повторно сме присутни на меѓународната сцена со улогата што ја заслужуваме

user4