Вести

5 земји испратија писмо до Советот за безбедност на ОН во врска со труењето на Навални

Труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални претставува закана за меѓународната безбедност и мир, се вели во писмото испратено до Советот за безбедност на Обединетите нации од Велика Британија, Франција, Германија, Естонија и Белгија, до кое Ројтерс имале пристап.

Писмото испратено до Советот за безбедност на Обединетите нации од Велика Британија, Франција, Германија, Естонија и Белгија „ја повикува Русија веднаш, целосно и транспарентно да ги открие околностите на тој напад и да го извести Советот за безбедност за тоа“.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, за новинарите изјави дека Москва сè уште чека Германија и Франција да одговорат на барањето да и бидат доставени сите докази, за надлежните органи да одлучат дали е потребно да се испита случајот.

Во писмото од пет земји се наведува дека германската влада потврди на 2 септември дека тестовите „недвосмислено докажаа дека Навални бил отруен од нервен агенс од групата Новичок, кој бил развиен во Советскиот Сојуз и бил наследен од Русија“.

Русија во повеќе наврати негираше каква било вмешаност во инцидентот и наведува дека сè уште не им биле покажани или обезбедени докази за тоа злосторство.

Писмото потсетува дека Советот за безбедност усвои изјава во ноември минатата година, со која се потврдува дека употребата на хемиско оружје е „насекаде, во кое било време, под никакви околности, неприфатливо и претставува закана за меѓународната безбедност и мир“.

САД не го потпишаа писмото, но државниот секретар Мајк Помпео во средата рече дека руската влада мора да ја каже целата вистина за труењето на Навални и мора да ги повика на одговорност инволвираните.

Поврзани вести

Најмалку двајца загинати и 22 повредени во земјотресот во Иран

Се појави ВИДЕО од апсењето на напаѓачот од Ница

Влатко Зорба

Њујоршки експерт: Ова се вистините и лагите за коронавирусот, за кои сте сакале да прашате, а сте немале можност

Дипломатите кои беа во карантин заради коронавирус, конечно ја напуштија Северна Кореја

Брисел предупредува за „корона-цунами“: Имаме преку 10 000 заразени на дневно ниво

Никола Поповски

Лукашенко ја напуштил земјата и покрај победата на изборите во Белорусија, војска на улиците на Минск

Влатко Зорба